logo
logo
logo

Народот да штеди, политичарите СО ПОВИСОКИ ПЛАТИ, ШОЛЦ НАД 30.000 ЕВРА ПЛАТА

Vecer | 30.06.2022

Народот да штеди, политичарите СО ПОВИСОКИ ПЛАТИ, ШОЛЦ НАД 30.000 ЕВРА ПЛАТА

Додека граѓаните на Германија се соочуваат со повисоки цени и мораат да штедат, од утре платите на политичарите во земјата растат.

Од 1 јули платите на пратениците во Бундестагот ќе се зголемат за 310,40 евра, на 14.906,68 евра, објави Билд

Од покачувањето на платите во Бундестагот профитираат и членовите на Владата, бидејќи голем дел од нив се уште имаат пратенички мандат.

Така, за прв пат канцеларската плата надминува 30.000 евра месечно.

Олаф Шолц од петок ќе добива плата од 30.139,81 евра, објави владата на барање на Алтернатива за Германија (АфД).

Вицеканцеларот Роберт Хабек во иднина ќе добива 25.573,08 евра, колку што се платите, меѓу другите, на министрите за надворешни работи Аналена Бербок и Кристијан Линднер.

Министерката за одбрана Кристина Ламбрехт мора да се задоволи со „само“ 20.425,57 евра месечно, а причина за помалите примања е тоа што таа нема пратенички мандат.

Според Билд, сегашната коалиција „семафор“ е најдобро платената германска влада досега.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk