Напаѓачот во Австрија дошол како мигрант

Авганистанецот, кој пред два дена со нож нападна и избоде три члена на едно семејство и еден Чеченец во Виена, дошол во Австрија како бегалец во 2015 година, за време на мигрантската криза.

Џафар С. (23) ѝ го признал тоа на полицијата за време на сослушувањето за двата напади.

Нападот се случи кај метро станицата Нестроплац, каде напаѓачот со нож нападна едно семејство по што побегна, но за време на бегството со ножот повредил уште едно лице.

Напаѓачот ѝ е познат од претходно на полицијата, откако веднаш по неговото доаѓање во Австрија како бегалец, почнал да ги крши законите. Осуден бил за повеќе кривични дела во врска со наркотици. Против него биле поднесени повеќе пријави за нанесување телесни повреди, но со судење никогаш не дошло бидејќи исчезнувал и, според полицијата живеел во илегала.

За време на апсењето, Џафар имал два ножа. Тој признал дека го нападнал семејството кое излегувало од некој ресторан, затоа што, како што рекол, бил во лошо и агресивно расположение, како и дека бил бесен на неговата животна ситуација.

Чеченецот, кој му бил познаник, го нападнал, бидејќи како што рекол, го обвинувал за зависност од наркотици. Негирал дека нападите биле политички мотивирани.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари