logo
logo
logo

Нападната воена база во Ирак каде се сместени американски трупи

Vecer | 08.05.2021

Нападната воена база во Ирак каде се сместени американски трупи


Ирачката воздушна база Аин ал Асад, во која се сместени американски трупи, рано утрово беше нападната од беспилотно летало.

Во нападот нема жртви, но направена е материјална штета, се додава во соопштението, пренесува АП. Како што се додава, по нападот избувнал пожар кој оштетил една зграда.

Портпаролот на коалицијата, полковник Вејн Марото на Твитер објави дека во нападот е оштетен хангар и додаде дека истрагата е во тек.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

САД ги обвинија милитантните групи поддржани од Иран за претходните ракетни напади, насочени кон американските трупи во Багдад и воените бази низ Ирак.

Нападите со беспилотни летала се ретки, а последниот се случи во средината на април, кога беше погоден меѓународниот аеродром во Ирбил, во курдската област во северен Ирак, недалеку од базата на коалициските сили.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk