Напад во Источна Гута само неколку минути по договорот за примирје во Сирија

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека во Источна Гута бил извршен напад само неколку минути откако Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за едномесечно примирје во Сирија. Во нападот, што го извршиле бунтовниците, загинати се четири жители, а најмалку 51 е повреден.

Советот за безбедност на ОН едногласно усвои резолуција за едномесечен прекин на огнот на целата територија на Сирија, со цел да биде доставена хуманитарна помош и да бидат евакуирани болните и повредените лица.

Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, денеска со рускиот претседател Владимир Путин ќе зборуваат за резолуцијата за прекин на огнот во Сирија, што синоќа беше усвоена од страна на Советот за безбедност на ОН.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари