Напад во црква во Русија: ИД презеде одговорност, властите велат напаѓачот не е исламист

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров изјави дека мажот кој синоќа пукаше во православна црква во севернокавкавскиот регион Дагестан нема поврзаност со исламот.

„Со сигурност може да се каже дека овој бандит и неговите заштитници, доколку ги имал, немаат никаква директна или индиректна поврзаност со исламот. Северен Кавказ отсекогаш бил регион во кој муслиманите и христијаните меѓусебно се разбирале и соработувале“, рече Кадиров.

Тој вели дека е важно да се пронајдат оние кои го охрабриле 22-годишниот Халили Халилов да го изведе нападот.

„Оние кои се поврзани со него, заслужуваат тешка казна“, наведе лидерот на Чеченија.

Во нападот загинаа пет лица, а новинската агенција Тасс пишува дека четири лица се повредени, од кои две жени, полицаец и припадник на борбената единица „Росгвардија“. На едната од жените морало да и ја ампутираат раката.

Екстремистичката група „Исламска држава“ презеде синоќа одговорност за пукањето.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Дагестан рече дека напаѓачот започнал да пука по луѓето кои се наоѓале во црква.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари