Најсиромашниот претседател на светот не сака да добива пензија

Поранешниот уругвајски претседател, Хосе Мухика, познат како најсиромашниот претседател на светот, соопшти дека не сака да добива никаква прнзија на основа на својот сенаторски стаж.

Мохика вчера поднесе оставка на сенаторското место во уругвајскиот парламент, каде беше од 2015 година, по завршувањето на неговиот претседателски мандат.

Мохика (83), во писмо најави дека се повлекува поради причини од лична природа.

„Мотивите за мојата оставка се лични. Би го нарекол тоа умор по долгото патување. Секако дека додека мојот мозок функционира, не можам да се откажам од солидарноста и борбата за идеи“, наведе Мухика во оставката.

Тој стана познат во јавноста бидејќи за време на претседателскиот мандат, најголемиот дел од својата плата го даруваше во добротворни цели, односно од месечната плата што изнесува 12.500 долари, за себе задржуваше само 1.250 долари, а останатите ги префрлаше на сметка на организација која ги поддржува малите претпријатија и на невладини организации кои работат на изградба на станбени објекти за сиромашните. Единствено нешто што поседуваше кога ја презема должноста шеф на државата беше автомобил марка „фолксваген буба“ од 1987 година, за кој во 2014 година му беа понудени милион долари, но Мухика го одби предлогот со образложение дека ако го продаде возилото ќе нема со што да го вози неговото куче кое има три нозе.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари