logo
logo
logo

Најнова студија: Вакцините го даваат истиот имунитет како кај оние кои го прележале Ковид-19

Vecer | 18.03.2021

Најнова студија: Вакцините го даваат истиот имунитет како кај оние кои го прележале Ковид-19

Две дози вакцина на „Фајзер“ и „Астра Зенека“ обезбедуваат слично ниво на заштита од вирусот корона како и природниот имунитет развиен по коронарна инфекција, покажа новото истражување.

Ниту еден од 1.456 здравствени работници во синџирот британски болници на Универзитетот Оксфорд, кои ги примиле двете дози вакцини, немал симптоматска зараза по 14 дена од приемот на втората доза.

Британската научна студија покажа исто ниво на заштита и кај здравствените работници кои го прележале коронавирусот.

Тие имале 98 проценти помалку симптоматски зарази во споредба со невакцинираните лица кои не биле изложени на вирусот до почетокот на истражувањето.

Повеќето од здравствените работници вклучени во студијата добиле само една доза од вакцината до моментот кога започнала анализата на податоците.

Според истражувањето, првата доза обезбедува заштита од симптоматска инфекција од 67 проценти, а ја примиле 11.023 вработени во болницата. Во истражувањето учествувале вкупно 13.109 здравствени работници од болничкиот синџир.

Притоа 8.285 биле вакцинирани со „Фајзер“, од кои 1.407 со две дози, додека 2.738 примиле вакцина на „Астразенека“, од кои 49 и втората доза.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk