logo
logo
logo

Најмалку шестмина загинати во експлозија во фабрика во Отава (ВИДЕО)

Vecer | 14.01.2022

Најмалку шестмина загинати во експлозија во фабрика во Отава (ВИДЕО)

Тројца мажи се пренесени во болница по експлозијата вчера попладне во областа Непеан во канадската престолнина, а властите трагаат по уште петмина кои не се пронајдени, соопштила полицијата во Отава.

Полицијата соопштила дека не очекувале да најдат преживеани во потрагата по исчезнатите четворица мажи и една жена.

Едно од лицата однесени во болница им подлегнало на повредите, додека другото останало во тешка, но стабилна состојба, соопштила полицијата, додавајќи дека третиот маж е пуштен дома.

CBC News објави дека местото на инцидентот припаѓа на Eastway Tank Pump & Meter Ltd, производител на прилагодени цистерни. Градоначалникот на Отава, Џим Вотсон, изразил сочувство до семејството на починатиот и поддршка за оние кои чекаат на веста за исчезнатите. „Ниту еден збор не може да го отстрани стресот додека овие луѓе чекаат вести за нивните роднини и пријатели“, напишал тој на Твитер.

Градската полиција и противпожарните служби го истражуваат инцидентот, заедно со Министерството за труд, се вели во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk