logo
logo
logo

Најмалку седуммина загинати во ракетен напад на Иран врз Курдите

Vecer | 28.09.2022

Најмалку седуммина загинати во ракетен напад на Иран врз Курдите

Станува збор за курдски групи кои го осудуваат насилното задушување на протестите во Исламската Република.

Седум лица, членови на Демократската партија на Иранскиот Курдистан (ПДКИ), загинаа во нападите со ракети и беспилотни летала „камикази“, за кои Техеран ја презеде одговорноста, се вели во соопштението на таа вооружена група, која извести за ранети борци во нејзините редови.

„Според првичните информации, седум лица го загубија животот, а одреден број пешмерги (курдски борци) се ранети“, соопшти ПДКИ, наведувајќи дека целната област е Којсињаг, источно од Ербил, административен центар на автономниот ирачки Курдистан.

Згради се оштетени и урнати во ракетниот напад во секторот Зргоиз, на петнаесет километри од Сулејманије, каде што се наоѓаат канцелариите на неколку вооружени опозициски леви партии на иранските Курди, особено на работниците од Комале-Курдистан.

Репортерот на АФП во Зргоиз видел бел чад над местото погодено од ракетата, каде што биле испратени амбулантни возила. Жителите побегнале од местото на нападот, а партискиот лекар им пружил помош на полесно ранетите, јавил новинар на АФП.

Министерството за здравство во Ербил известило за „четири маченици и 14 ранети“ во областа Којсињаг и „три маченици и 14 ранети“ во Шерава. „Меѓу жртвите има и цивили“, изјавил за АФП висок функционер на автономниот Курдистан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk