logo
logo
logo

Најмалку пет лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,1 степени во Иран

Vecer | 02.07.2022

Најмалку пет лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,1 степени во Иран

„За жал, досега имавме пет смртни случаи и осум повредени“, изјави за телевизија Мехрдад Хасанзадех, шеф на управата за вонредни состојби во провинцијата Хормузган на брегот на Персискиот Залив.

Иранските медиуми објавија дека јачината на земјотресот е 6,1 степени, додека Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) соопшти дека бил со јачина од 6,0 степени.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, додава ЕМСЦ.

Иран претрпе неколку разорни земјотреси во последниве години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk