logo
logo
logo

Најмалку еден загинат и повеќе повредени во експлозија во пристаништето Барселона (ВИДЕО)

Vecer | 21.01.2025

Најмалку еден загинат и повеќе повредени во експлозија во пристаништето Барселона (ВИДЕО)

Метил ацетат е многу запалива течност која се користи како растворувач во лепила, бои и отстранувач на лакови за нокти, објавија локалните медиуми.

Во објава на Х, противпожарната служба на главниот град на Каталонија објави дека експлозијата се случила за време на работи за одржување на т.н. енергетско пристаниште каде што се истоваруваат хемиски производи.

Неколку лица се полесно повредени, се вели во објава на социјалната мрежа.

Како што соопштија надлежните органи, до експлозијата дошло откако избувнал пожар во делот каде што дејствува групата Тепса.

За Барселона е издадено предупредување за ризик од хемикалии, но опасноста од труење за жителите на градот е отстранета.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk