Најмалку 49 жртви во авионската несреќа во Непал

Најмалку 49 лица загинаа, а 22 се повредени при урнувањето на патнички авион во близина на меѓународниот аеродром „Трибхуван“ во Непал, Катманду.

Авионот кој полетал од Дака превезувал 71 лице, од кои 31 загинало на местото на несреќата, а другите им подлегнале на повредите во болница. Се уште не се познати причините за несреќата, но надлежните од аеродромот изјавија дека леталото било вон контрола при слетувањето.

Претходно новинската агенција „АП“ јави дека авионот во повеќе наврати изненадно го менувал правецот на летање, пред да се сруши во близина на аеродромската писта.

Непал во последните години се соочи со бројни инциденти во авиосообраќајот, што лошо влијаеше врз туризмот во земјата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари