logo
logo
logo

Најмалку 17 лица загинале, а десетици други се повредени во руски ракетен напад во регион Одеса

Vecer | 01.07.2022

Најмалку 17 лица загинале, а десетици други се повредени во руски ракетен напад во регион Одеса

Нападот доаѓа еден ден откако украинските сили се пофалија дека повторно го освоиле стратешкиот Змиски остров во близина на Одеса.

Украинската државна служба за итни случаи соопшти дека седум лица, меѓу кои три деца, се спасени од урнатините.

Сликите направени во раните утрински часови покажуваат спасувачи на место на настанот и како тлее фасадата на деветкатната станбена зграда.Претходно Зеленски во своето ноќно обраќање изјави дека дека  островот на змиите е „повторно слободен“.

 Според него островот на змиите е стратешка точка и значително ја менува ситуацијата во Црното море.

,,Сè уште не гарантира безбедност, сè уште не гарантира дека непријателот нема да се врати. Но, тоа веќе значително ги ограничува акциите на окупаторите. Чекор по чекор, ќе ги истераме од нашето море, нашата земја и нашето небо“, рече Зеленски.

Змискиот остров се наоѓа на околу 30 милји или 48 километри од брегот на Украина и е блиску до морските патеки што водат до Босфорот и Медитеранот. Во меѓувреме, портпаролот на руската армија Игор Конашенков на брифинг рече дека нејзините сили го напуштиле островот „како гест на добра волја“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk