logo
logo
logo

Најмалку 10 работници на нафтено поле загинаа во терористички напад во Сирија

Vecer | 02.12.2021

Најмалку 10 работници на нафтено поле загинаа во терористички напад во Сирија

Сириската државна агенција САНА објави дека цел на „терористичкиот напад“ бил автобус со работници кои се враќале од нафтеното поле Карата во источната провинција Деир ал Зур.

Еден работник е повреден во нападот, наведува агенцијата.

Сириската опсерваторија за човекови права потврдила дека нападот се случил, но соопштиле дека двајца работници се повредени.

Автобусот бил погоден од експлозивна направа во рурална област каде што дејствуваат милитантите на Исламската држава, прецизира организацијата од Велика Британија.

Сириските владини сили ја презедоа контролата врз нафтеното поле во септември 2017 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk