Најголема заплена на марихуана во историјата на Шпанија

Шпанската полиција заплени 2.700 килограми марихуана наменета за пазарите во Велика Британија и Холандија, објавија денеска официјални претставници.

Во операцијата изведена во Барселона уапсени се 25 лица, а ова е најголемата заплена на марихуаната некогаш извршена во Шпанија, соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи, а пренесе агенцијата АП.

Дрогара се одгледувала и се преработувала во североисточниот регион на Шпанија, а потоа од земјата се изнесувала со камиони. Полицијата верува дека нарко групата ја предводеле британски и холандски шверцери на дрога.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари