logo
logo
logo

Најдено е уште едно смрзнато тело на мигрант на границата меѓу Полска и Белорусија

Vecer | 08.12.2021

Најдено е уште едно смрзнато тело на мигрант на границата меѓу Полска и Белорусија

Војниците вчера го пронашле телото на маж, со ранец и нигериски пасош во шума во близина на Олчовка, изјави портпаролот на полицијата за новинската агенција ПАП.

Телото било пронајдено на околу 9 километри од границата, се вели во извештајот.Засега не се знае кој е мажот и дали пасошот е негов.

Неколку луѓе загинале во пограничната област каде што мигрантите и бегалците се обидуваат да влезат во Европската унија, во криза, која многумина веруваат дека била оркестрирана од белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Европската унија го обвинува Лукашенко дека носи луѓе од кризните подрачја во Минск и дека се обидува да ги прошверцува во Европа за да ја дестабилизира Европа како одмазда за санкциите. Тој ги негира обвинувањата.

Владите на неколку погодени земји одговорија со поставување бодликава жица за да се спречи влезот на мигрантите.

Полската гранична стража денеска соопштила дека во изминатите 24 часа имало 51 обид за илегално преминување на границата.Група од 35 мигранти ги пробиле граничните утврдувања кај селото Черемша и на неколку метри навлегле на полска територија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk