Нафтени компании во Минхен одбиле да му стават гориво на иранскиот владин авион

Германската влада во последен момент избегнала меѓународен инцидент на почетокот на февруари, откако нафтените компании на аеродромот во Минхен одбиле да му наполнат гориво на авионот на иранскиот министер за надворешни работи, Џевад Зариф.

Тој присуствуваше во Минхен на Меѓународната безбедносна конференција, меѓутоа тоа за малку немало да се случи, бидејќи компаниите одбиле да прифатат да го услужат неговиот авион, плашејќи се дека така ќе ги прекршат санкциите на САД.

Учеството на Зариф на конференцијата во Минхен сепак го обезбедил организаторот, поранешниот германски дипломат Волфганг Ишингер, кој интервенирал во Министерството за надворешни работи на Германија, по што е пронајдено гориво за авионот на Зариф од германската војска.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари