Над 40 загинати во напад на католички камп во Централноафриканската Република

Повеќе од 40 луѓе загинаа а десетина се повредени во напад на католички камп во Централноафриканската Република, во кој засолниште пронашле 20.000 бегалци.

Нападот се случил во четвртокот во Алиндау, град кој се наоѓа 300 километри источно од главниот град Банги. Илјада луѓе биле принудени на бегство од кампот кој бил запален, објави ОН. Кампот изгорел до темел. До сега, според информациите, 42-ца се загинати, а бројот би може да биде и поголем, соопштиле од локалната општина.

Илјада луѓе побегнале, а една петина од вкупно 4,5 милиони жители побегнале од своите домови за време на судирите кои избувнале откако во главно муслиманските бунтовници го симнале од власт претседателот Франсоа Бозиза во 2013 година, предизвикувајќи одговор на христијанските млиција.

И покрај тоа што во 2016 година е избран нов претседател, земјата и натаму се бори со политичка нестабилност и насилство.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари