На САД им се заканува ураганот „Флоренс“, наредена евакуација на 1,5 милион луѓе

Околу еден и пол милион луѓе во јужниот дел на источниот брег на САД се во состојба пред евакуација, поради доаѓањето на ураганот Флоренс, кој покажува тенденција да стане ураган од петта категорија.

Ураганот од категорија три во текот на вчерашниот ден премина во четврта категорија, а веќе утрово се приближи до петотто ниво, со можност да предизвика катастрофални последици, наведува агенцијата АП. Дури и кога ураганот беше во трета категорија, беа наредени евакуации за крајбрежните области на Северна Каролина, Јужна Каролина и Вирџинија, кои би можеле да бидат директно погодени. Рано ова утро евакуација беше наредена и за државата Мериленд.

Надлежните служби ги повикаа жителите на тие држави да не ја потценуваат моќта на ураганот кој доаѓа и да се потсетат на настаните од минатата година, кога урагани пустошеа низ истата област и нанесоа голема штета на Порторико.

На социјлните мрежи во САД веќе се појавуваат фотографии и снимки од гужви во локалните маркети и продавници со опрема за заштита од урагани, а редови се забележани и на бензинските пумпи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessika (@realjessicawilliams) on

Жителите на крајбрежните области ги заштитуваат своите домови од ураган што е можно повеќе, главно поставувајќи дрвени табли на прозорците и вратите на куќите, а потоа се пакуваат и заминуваат пред ураганот да ја погоди нивната област.

Според Си-ен-ен, мобилизирана е националната гарда со цел да им помогне на земјите што се наоѓаат на удар на ураганот. Претседателот Трамп прогласи вонредна состојба во Северна Каролина така што земјата може да располага со дополнителни парични средства од федералните резерви. Доцна синоќа, задолжителната евакуација беше проширена на уште шест области, а се очекува денеска истата да се прошири на уште повеќе региони.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари