На муслиманите во Индија им се забранува „инстант-развод“

Владата на Индија денеска ги одобри мерките за спроведување на одлуката на индискиот суд за забрана на „инстант-развод” на муслиманските мажи.

„Инстант-развод“ се врши така што мажот трипати го изговара зборот „талак”, што на арапски значи развод, вели АП.

Разводот е валиден и ако мажот го напише зборот на хартија или го сними во електронска форма, а важи во секое време и не мора да го каже трипати по ред, додава агенцијата.

Досега ваквата пракса беше легална во Индија, меѓутоа судот донесе одлука дека со тоа се кршат уставните права на муслиманските жени.

Повеќето од 170 милиони сунити во Индија се водат по закони кои дозволуваат ваков вид развод.

Владата ќе има шест месеци да добие одобрение од парламентот за да ја направи мерката закон, но и во текот на овој период мажите ќе одговараат за користење на овој вид развод.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари