На Меѓународната вселенска станица испратена божикна мисирка, но и глувци и црви

Денес на Меѓународната вселенска станица беше испратена божикна мисирка заедно со сос од брусница, сладок компир и задолжителен овошен колач.

Празничната пратка во вселената беше лансирана од Кејп Канаверал на Флорида,  од  страна на американската компанија Speyx (SpaceX), со ракета „falkon 9″, пренесува АП.

Капсулата со пратката треба да пристигне во орбиталната лабораторија в сабота.

Заедно со состојките за божикна вечера, на Меѓународната вселенска станица  се испратени 40 глувци и 36.000 црви за проучување на мускулните структури и процесите на стареење.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари