logo
logo
logo

"Франција е во опасност и ќе има последици"

Генералите му подготвуваат ВОЕН УДАР: На МАКРОН му се заканува и граѓанска војна?

Vecer | 28.04.2021

Генералите му подготвуваат ВОЕН УДАР: На МАКРОН му се заканува и граѓанска војна?

Се зголемува загриженоста и паниката во Франција околу отвореното писмо напишано од поранешни припадници на армијата, а во кое постои јасно предупредување за граѓанска војна.

Впрочем, писмото е напишано од страна на 20 пензионери воени генерали кои отворено ја повикуваат Армијата да изврши воен удар и насилно да го тргне од власт претседателот Макрон.

Но, она кое создава дополнителна тензија е фактот дека на ваквото писмо по објавувањето се приклучија и други 80 пензионери генерали.

Меѓу потписниците на писмото е и Кристијан Пикемал (80) генерал во пензија и поранешен командант на Странската легија – една од напознатите воени единици во светот.

Тој ги загуби своите почести како пензиониран генерал откако беше уапсен за учество во анти-исламски демонстрации во 2016та година.

Франција е во опасност

Во писмото се надедува дека претседателот на Франција, Емануел Макрон не може да го сопре распадот на земјата, што го спроведуваат исламистите.

Писмото беше објавено минатата недела во десничарскиот магазин „Актуелни вредности“ и во него се предупредува дека „лабавите“ политики ќе доведат до хаос поради кој ќе биде неопходна „интервенција на нашите другари на активна должност во опасни мисии за заштита на нашите цивилизациски вредности“.

„Крајно време е, Франција е во опасност“, напишаа пензионираните генерали, додавајќи дека неуспехот да се делува против „приградските орди“- се алудира на жителите на мнозински мигрантските населби околу француските градови- и други неименувани групи кои „ја презираат нашата земја“ ќе доведе до „граѓанска војна“ и смрт „на илјадници“.

И Марин Ле Пен испрати порака

Објавувањето на писмото се случува во пресрет на претседателските избори следната година на кои, очекувањата се дека повторно ќе се судрат Макрон и десничарската лидерка Марин Ле Пен. Анкетите покажуваат дека безбедноста и борбата против тероризмот се меѓу приоритетите за многу Французи.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Ле Пен го поздрави писмото и ги покани пензионираните генерали да и се приклучат во кампањата.

-Ве повикувам да се вклучите во битката која е над сите битки, битката за Франција. Како граѓанин и жена која е вклучена во политиката ви ја давам мојата поддршка, изјавила таа.

Нејзината изјава се случи на истиот ден кога и беше извршен фаталниот напад со нож во полициската станица југозападно од Париз, кој се третира како можен терористички напад.

Осуда

Владата и левичарските партии остро го осудија писмото кое беше објавено на 60- годишнината од неуспешниот пуч на генералите кои се спротивставуваа на одлуката да му се даде независност на Алжир.

Засега не е јасно колку од потписниците, освен пензионираните генерали, се пензионирале од активна служба во армијата и колку од нив се се уште активни.

Министерката за одбрана Флоренс Парли во понеделникот предупреди дека оние кои се уште се во служба ќе бидат казнети поради прекршување на законот со кој се бара да бидат политички неутрални. Но таа го минимизираше значењето на писмото, изразувајќи убеденост дека „огромното мнозинство“ од француските трупи остануваат неутрални и лојални.

Политичкиот аналитичар Жан-Ив Ками исто така го минимизираше значењето на писмото, изјавувајќи дека потписниците немаат големо влијание во армијата.

Според „Франс инфо“ повеќето од генералите потписници се блиски до десно-радикалните кругови во земјата.

 

“Ќе има РЕВИЗИЈА НА ПОЛИТИЧКИТЕ СУДЕЊА од оваа власт“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk