logo
logo
logo

На Крим уапсен Русин за откривање државна тајна на Украина

Vecer | 22.04.2021

На Крим уапсен Русин за откривање државна тајна на Украина


Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) уапси руски државјанин во Севастопол, кој и ги предаваше на Украина податоците за активностите на Црноморската флота, пишуваат руските медиуми.

„Во Севастопол е уапсен државјанин на Русија, кој наменски собирал и доставувал до Главната управа за разузнавачки работи на Министерството за одбрана на Украина податоци за активностите на Црноморската флота, кои се државна тајна. Протекувањето на овие податоци надвор од земјата може да ја оштети нејзината одбранбена способност “, се вели во соопштението на Федералната служба за безбедност.

Против ова лице е поведена кривична постапка.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk