На крадците им рекол да се вратат подоцна, го послушале па биле уапсени

Сопственик на продавница за електронски цигари во белгискиот град Шарлроа спречил грабеж така што на крадците им рекол да се вратат подоцна кога ќе има повеќе пари во касата.

Тие го послушале, а кога се вратиле во продавницата ги пречекала полицијата, пренесе „Ројтерс“.

„Им реков дека е подобро за нив да ме ограбат околу шест попладне“, изјави сопственикот на продавницата.

Тој додаде дека не било потребно долго за да му стане јасно дека нема работа со генијалци.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари