На изборите за градоначалник во Еквадор победил кандидат, кого го убиле ден претходно

41-годишниот Омар Менендез бил убиен од вооружени напаѓачи кои упаднаа во просторијата каде што беше со неговите соработници во кампањата во саботата. Во нападот е убиен и еден тинејџер, а еквадорската полиција се уште го истражува можниот мотив.
Се очекува член на партијата на Менендез да го замени убиениот политичар како градоначалник. Изборите за градоначалник се одржаа во услови на ескалација на новиот бран на криминал поврзан со зголеменото влијание на насилните нарко-банди во земјата на Андите. Менендез не е единствениот политичар убиен во предизборието, бидејќи Хулио Сезар Фарачио, кандидат за градоначалник на крајбрежниот град Салинас, беше убиен две недели претходно.
Полицијата го уапсила осомничениот за убиството на Фарачио, кој претходно и се заканувал на 45-годишниот кандидатка. Локалните медиуми објавија дека осомничениот неодамна бил ослободен од затвор по отслужување на казната за трговија со дрога. Засега никој не е осомничен за убиството на Менендез, а полицијата потврдила дека напаѓачите избегале со мотор, пишува Би-Би-Си.
Еквадорскиот претседател Гиљермо Ласо ги осуди убиствата. Ласо се соочува со зголемена стапка на убиства во неговата земја и предложи серија уставни промени за кои гласачите одлучија во неделата.
Една од предложените измени беше да се дозволи Еквадорците поврзани со транснационалниот организиран криминал да бидат екстрадирани во странство доколку им се суди во друга земја или веќе се осудени во отсуство.
Со оглед на тоа што многу затвори во Еквадор се преплавени од неодамнешниот бран на криминал, некои официјални лица тврдат дека екстрадицијата на осудените криминалци во затворите со максимална безбедност во Соединетите држави би била побезбедна и поевтина опција за правосудниот систем на Еквадор.
Соседна Колумбија на сличен начин го измени својот устав во 1997 година и оттогаш екстрадираше многу озлогласени нарко босови во САД. Колумбиските власти велат дека жестокоста со која нарко-босовите се борат против нивната екстрадиција сугерира дека казната во американски затвор, каде што немаат никаква поврзаност или влијание врз затворските чувари и администратори, ја сметаат за особено остра.
Но, предлогот за промена на уставот на Еквадор за да се дозволи екстрадиција на Еквадорците тесно пропадна бидејќи 51 отсто од гласачите го одбија. Ласо рече дека го прифаќа резултатот, велејќи дека „кога луѓето зборуваат, наша должност е да го анализираме, да го разбереме и да го прифатиме“.