logo
logo
logo

На индонезиски остров заринкаа 45 китови, волонтерите успеаја да спасат само три

Vecer | 19.02.2021

На индонезиски остров заринкаа 45 китови, волонтерите успеаја да спасат само три


Само три од 45 китови го преживеаја масовното заринкување во плитките води на индонезискиот остров Мадура, во провинцијата Источна Јава, објавија индонезиските власти.

„Ројтерс“ известува дека волонтерите и локалните власти успеале да вратат три пилотски китови, како што ги нарекуваат, од плажата Модунг, а гувернерката на провинцијата Источна Јава, Хофифа Индар Параванса, изјави дека властите ги испитуваат причините за смртта, додека остатоците на мртвите животните ќе бидат погребани во близина на брегот.

„Волонтерите кои им помагаат на китовите да се вратат во океанот рекоа дека некои од нив повторно се вратиле на брегот затоа што нивните мајки сè уште биле заглавени на плажата“, рече Параванса.

Според веб-страницата „Whale Stranding Indonesia“, минатата година на брегот на Индонезија имало 59 вакви инциденти, во кои најмногу се заглавувале дугонзи и делфини.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk