logo
logo
logo

„На Европа и се заканува војна“ – наредба издал првиот човек на армијата

Vecer | 19.06.2022

„На Европа и се заканува војна“ – наредба издал првиот човек на армијата

Британскиот главен генерал им рекол на своите војници да се подготват за битка и да ја поразат руската армија во европската копнена војна.

Генералот Сер Патрик Сандерс, кој ја презеде целокупната команда на британската армија оваа недела, ги предупреди војниците дека „ние сме генерацијата што мора да ја подготви армијата да се бори повторно во Европа“, среде руската инвазија на Украина.

„Јас сум првиот началник на Генералштабот од 1941 година што ја презема командата на армијата во сенката на копнената војна во Европа во која е вклучена континентална сила. Размерите на тековната закана од Русија покажуваат дека влеговме во нова ера на несигурност. Моја единствена должност е да ја направам нашата армија колку што може смртоносна и ефикасна. Времето е сега и наша можност е да го искористиме“, предупреди тој во пораката до британските војници.

Според „Дејли мејл“, ова доаѓа во време кога рускиот претседател Владимир Путин за време на средбата со неговиот казахстански колега Касим Жомарт Токаев изјавил дека поранешните советски држави во Европа се „дел од историска Русија“.

Фото: Профимедиа

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk