logo
logo
logo

Магла на патот

На Брисел му текна дека БАЛКАНОТ Е ФРУСТРИРАН од европската бирократија

Vecer | 17.05.2021

На Брисел му текна дека БАЛКАНОТ Е ФРУСТРИРАН од европската бирократија

Веќе две години од ЕУ, како и од водечките аналитичари и медиуми од Европската унија, добиваме пораки дека процесот на проширување е “во мирување“, што е потврдено и на терен. Преговори за проширување практично нема, а тие држави што се во фаза на преговори стојат во место.

Тоа во државите на

Шефот за дипломација на ЕУ Џозеп Борел, наводно, напишал нов нон пејпер за тоа како Западен Балкан да излезе од фрустрација за односите со ЕУ. Атмосферата за дебата ќе биде порелаксирана, но вечерата во вторник сепак ќе биде работна.

Лидерите на шест земји од Западен Балкан во вторник (18-ти мај) се собираат во Брисел на традиционална вечера организирана од раководителот на дипломатијата на ЕУ Борел. Федерика Могерини реши да го смени строгиот модел и започна практика да ги собере лидерите од регионот за да ја разгледа ситуацијата во регионот и односите со ЕУ во помалку формална атмосфера. Оваа година, Џосеп Борел продолжува со таа и таква пракса.

"Западен Балкан е големо геополитичко прашање за ЕУ. Регионот е дел од проблемот, но исто така дел од решението. Затоа мораме да го разгледаме од геополитичкиот агол и ние тоа ќе го направиме на вечера Брисел каде што ќе присуствуваат на сите водачи на Западен Балкан ", рече Борел.

"Постои загриженост во врска со се поголемата фрустрација во Западен Балкан индуцирана од процесот на проширување. Затоа, треба да размислиме како да го обновиме изгубеното влијание врз регионот", велат европските дипломатски извори.

Оваа "фрустрација" е дефинирана како "чувство на длабоко разочарување на граѓаните во Западен Балкан во процесот на пристапување во ЕУ" во неофицијалниот документ што се појави пред состанокот на Советот на министерот. Неофицијално, во Брисел, велат дека ова е најново во поплавата на нон пејпери за иднината на регионот, на последниот автор е Џозеп Борел.

Иако неговиот нон пејпер не доби толку многу внимание како претходните кои беа фокусирани на цртање нови балкански границата, решавањето на прашањето на Косово или регулацијата на БиХ, документот за "Подобрен ангажман на ЕУ во Западен Балкан", барем ќе ги отвори дебата за сегашните политики на ЕУ во регионот.

Очекувања?

Во прилог на добро познатите фрази на "јасна и силна поддршка на европската перспектива на Западен Балкан", "иднината на ЕУ", важноста на "стабилноста и безбедноста на регионот за стабилност и безбедност на ЕУ ", потребата од" реформски процеси" и "дозирана соработка ", овој документ јасно ги наведува причините за "длабоко незадоволство и разочарување " на регионот во Европската политика за проширување.

"Неодлучност за отворањето на преговорите за пристапување со Албанија и напредокот на Северна Македонија, Србија и Црна Гора во ЕУ, но и во спроведувањето на клучните приоритети во БиХ и договорот за стабилизација и асоцијација на Косово, неизвесност во врска со дијалогот на Белград и Приштина, дополнителна перцепција за одолговлекувањето со вакцинирање поради бавна испорака на вакцините во ЕУ и балканскиот регион ", вели текстот.

Главната порака на документот е зајакнување на европското присуство во регионот, почести посети на највисоките претставници на ЕУ и земјите од регионот, почести повици кон претставници на регионот во Брисел.

"Барам од земјите членки на ЕУ конкретни и брзи предлози, да не чекаме со месеци туку да биде готов планот пред летото", рече Борел.

Сè е подготвено

Од друга страна, од БиХ е се очекува да напредува во 14-те клучни приоритети на Европската комисија, како "подобрување на функционалноста на земјата, почнувајќи од изборна и уставна реформа". Од Србија и Црна Гора, се очекува да ги забрза реформските процеси, особено во областа на владеењето на правото, но и повеќе политички ангажман во консолидацијата на геополитичката ориентација, главно поврзано со Србија.

За Албанија и Македонија пораката е (повторно) иста: нема раздојување на процесот за преговори -  пристапниот процес мора да започне "што е можно поскоро".

Косово и Србија се поканети да го "користат моментот на силно лидерство од двете страни" за да постигнат сеопфатен договор за нормализација.

Сите овие пораки ќе бидат на "менито" на вечерата на шесте лидери во Брисел, каде што сепак не треба да се очекува голем напредок. Она што е клуч за отварање на вратата е да се добие заедничлки став од земјите членки од ЕУ за односот на ЕУ кон Западен Балкан, што сега го нема и што е основна кочница за балканските перспективи во Европа .

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk