logo
logo
logo

САД и казината

Му се вратија на коцкањето „All In“ - ОГРОМНИ ПРИХОДИ СРЕДЕ ПАНДЕМИЈА

Vecer | 12.05.2021

Му се вратија на коцкањето „All In“ - ОГРОМНИ ПРИХОДИ СРЕДЕ ПАНДЕМИЈА

Казината во САД се изедначија со најдобриот квартал во заработката во првите три месеци од оваа година, бидејќи коцкарите се вратија во казината среде пандемија, а обложувалниците преку Интернет исто така помогнаа да се зголемат приходите.

Податоците од вчера, објавени од Американската асоцијација на игри на среќа покажуваат дека казино-индустријата заработила 11,1 милијарди долари во првиот квартал, објави АП. Тоа е еднакво на најдобриот резултат во историјата на казината од третиот квартал на 2019 година, а бројките не вклучуваат казина кои припаѓаат на домородците.

Првиот квартал од 2021 година донесе скоро 18 проценти повеќе приход од првиот квартал во 2020 година, кога започна пандемијата, а приходите се за 4% повисоки отколку во првите три месеци од 2019 година.

Бројките добиваат на тежина кога ќе размислите дека повеќето казина продолжуваат да работат под ограничувачки мерки, со ограничен капацитет.

„Денешните резултати покажуваат дека коцкањето се враќа во нормала. За време на пандемијата, нашата индустрија се соочи со многу предизвици. Ние нудиме одговорно и безбедно коцкање, возбудлива средина за клиентите. Индустријата за коцкање направи импресивни резултати со врзана една рака, поради ограничувачките мерки низ целата земја“, рече Бил Милер, претседател на Американската асоцијација.

Извршниот директор на казиното „Оушн“ во Атлантик Сити, Тери Глебоски, рече дека бројот на клиенти во нивниот објект бележи раст оваа година.

„Веќе имаме многу барања. Луѓето сакаат да излезат и да се забавуваат, а тоа е она што го правите во казино", рече Глебоски.

Од спортско обложување заработени се 961 милиони долари, што е рекордно зголемување од 270 проценти во споредба со претходната година, а бројката веќе ја надмина цела 2019 година, кога беа заработени 909 милиони долари

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk