logo
logo
logo

Му го одзел животот, па ГО ЈАДЕЛ ДА ВИДИ КАКОВ ВКУС ИМА - Ужасен настан во Русија

Vecer | 28.11.2021

Му го одзел животот, па ГО ЈАДЕЛ ДА ВИДИ КАКОВ ВКУС ИМА - Ужасен настан во Русија

Наводен руски канибал и уште двајца мажи се уапсени откако полицијата на место на сообраќајната несреќа открила обезглавено тело. Телото испаднало од багажникот на „мицубиши“ кога возилото минатата недела удрило во ограда на автопатот во областа Ленинград.

Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, открила труп со повеќе убодни рани, крв и пепел во автомобилот, пишува Daily Beast.

Веста за несреќата и убиството ја пренесе и агенцијата Тасс, но без никакви наводи дека се работи за канибализам.

Двајца од уапсените наводно го убиле мажот во состојба на пијанство, а потоа ја запалиле гаражата каде што се случило убиството.

На рочиштето еден од уапсените Јегор Комаров (23) наводно признал дека е канибал. Снимката од судот се најде на социјалните мрежи, а на неа се гледа како млад човек со избричена глава вели: „Грицкав, само да пробам“. Лицето што го испрашува го прашува: „Дали би го направил тоа повторно?“, додека Комаров одговара: „Имаш ли?“

Убиен е Аркад Казјанин (50), Ерменец и жител на Санкт Петербург. Комаров го признал убиството, а судот има рок до 20 јануари следната година и формално да го обвини Комаров.

На видеото Комаров признал дека претходно убил и наводно го јадел „без причина“, само за да види каков вкус има.

Комаров рекол дека наводно ги „ловел“ жртвите во локалниот парк каде што нема надзорни камери.

На распитот, кога полицаецот му ги симнал „лисиците“ на Комаров, извикал: „Што правиш, можам да те изедам до смрт!“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk