На клиниката во Фрајштат во покраината Горна Австрија, се случила страшна грешка на лекарски тим кој на еден 82-годишен пациент му ампутирал погрешна нога.

Особено трагично е тоа што самиот пациент, врз основа на другите бројни болести кои ги имал, не бил свесен дека му е ампутирана погрешна нога, а ниту при маркирањето не бил во состојба да укаже на грешката.