Путин:

Можен е напад врз Северна Кореја

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е можен глобален напад врз Северна Кореја, но исходот би бил неизвесен бидејќи станува збор за „затворена земја".

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е можен глобален напад врз Северна Кореја, но исходот би бил неизвесен бидејќи станува збор за „затворена земја".

Тој во својот говор на Меѓународниот форум за енергетска ефикасност во Москва укажа дека нападот е едно од решенијата за разоружување на Северна Кореја.

– Дали е можен разоружувачки напад? Секако. Дали со нападот ќе бидат погодени цели? Тоа е неизвесно бидејќи никој не знае што и каде всушност се наоѓа таму, истакна Путин.

Според него, сепак најдобро решение е дијалог и ги повика САД и Северна Кореја да ја ублажат реториката.

Меѓудругото, тој нагласи дека односите со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп не се без проблеми, но се надева дека взаемните интереси во борбата против тероризмот ќе влијаат врз унапредување на врските со Вашингтон.

– Москва има многу пријатели во Америка кои искрено сакаат подобрување на односите со Русија, додаде рускиот претседател.

Поврзани

Најнови вести

Коментари