logo
logo
logo

Мотивот за масакрот во САД можеби е од омраза кон Азијците поради пандемијата

Vecer | 18.03.2021

Мотивот за масакрот во САД можеби е од омраза кон Азијците поради пандемијата

Американската полиција сè уште истражува што довело до убиство на осум лица, од кои шест азијци, во серија напади врз салони за масажа во Атланта.

Напаѓачот, 21-годишниот Роберт Арон Лонг, им рекол на истражителите дека тоа го сторил поради неговата зависност од секс. Во вторникот беа извршени неколку напади во три салони. Два напади беа во Атланта, а еден во округот Чироки.

Тој последен масакр го зголеми стравот и бесот во врска со неодамнешниот пораст на злосторствата од омраза против Американците со азиско потекло среде пандемијата на коронавирусот. Властите не ја исклучуваат можноста нападите барем делумно да биле предизвикани од антиимигрантски и антиазиски чувства или некој друг мотив.

Лонг беше уапсен неколку часа по масакрот, беше обвинет по осум точки за убиство и една точка за вооружен напад.

Нападите предизвикаа критики од активисти за граѓански права и политички лидери кои го осудија зголемувањето на инцидентите на антиазиска дискриминација и насилство од почетокот на пандемијата.

Синоќа американскиот претседател Џо Бајден изјави дека не го знае мотивот за убиствата, но знае дека азиските Американци се многу загрижени.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk