logo
logo
logo

Морисон го призна поразот на изборите во Австралија

Vecer | 21.05.2022

Морисон го призна поразот на изборите во Австралија

– Вечерва разговарав со лидерот на опозицијата и идниот премиер Ентони Албанес и му честитав на изборната победа, рече Морисон.

Лабуристите ќе можат да формираат малцинска влада, но може да добијат и доволно гласови за мнозинска влада, според телевизијата Еј-Би-Си.

Според прелиминарните бројки, партијата може да смета на најмалку 71 место во Сенатот, каде што се неопходни 76 места за да се дојде до мнозинство. Според податоците, конзервативната коалиција на Морисон освои само 49 места.

Повеќе од 17 милиони луѓе беа повикани да гласаат за тоа кој ќе пополни 151 место во Долниот дом и половина од 78-те места во Сенатот.

Повеќе од половина од гласачите со право на глас гласале однапред, оставајќи околу осум милиони луѓе да гласаат во сабота, објави националната телевизија Еј-Би-Си, повикувајќи се на австралиската изборна комисија.

Гласањето е задолжително во Австралија. Излезноста во 2019 година беше околу 92 отсто. Изборите се одржуваат на секои три години.

На последните избори во 2019 година, либералите, кои се во коалиција со уште поконзервативните националисти и се на власт речиси една деценија, имаа изненадувачка победа откако долго се очекуваше лабуристите да дојдат на врвот, посочува ДПА.

Клучни теми во изборната кампања беа економијата, климатските промени и националната безбедност.

Многу Австралијци ја гледаат климатската криза како огромен проблем, особено по неодамнешните екстремни поплави на источниот брег. Земјата, исто така, претрпе и други екстремни временски настани и катастрофи поврзани со климата, вклучувајќи сериозни пожари, суша и избелување на коралите во последниве години.

Морисон е цврст поддржувач на индустријата за јаглен.

За пандемијата речиси и не се разговараше за време на изборната кампања – иако земјата забележа повеќе од 50.000 нови инфекции во петокот. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk