logo
logo
logo

Мора: Индиректните преговори меѓу САД и Иран во Доха завршија без напредок

Vecer | 30.06.2022

Мора: Индиректните преговори меѓу САД и Иран во Доха завршија без напредок

„Ќе продолжиме да работиме со уште поголема брзина, со цел да го вратиме на вистински пат клучниот договор за неширење (на нуклеарно оружје) и регионалната стабилност“, напиша Мора.

Разговорите меѓу Али Багери Кани од Иран и специјалниот пратеник на Вашингтон за Иран, Роб Мали, во Доха, каде Мора беше координатор, започнаа во вторникот.

„Она што спречи преговорите да се остварат, е инсистирањето на САД на својот предлог нацрт текст од Виена, што исклучува каква било гаранција за иранските економски придобивки“, соопшти иранската агенција Тасним, повикувајќи се на информирани извори од преговорите.

Со преговори имаше обид да се надминат разликите околу обновување на нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили од 2015 година.

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп во 2018 година го отфрли договорот и повторно воведе санкции против иранската економија. Една година подоцна, Техеран реагираше постепено, кршејќи ги ограничувањата за нуклеарна технологија утврдени со договорот.

Разговорите од над 11 месеци, меѓу Техеран и големите сили за обновување на договорот за иранската нуклеарна програма, запреа во март. Главно, тоа се должеше на инсистирањето на Техеран, Вашингтон да ја отстрани Исламската револуционерна гарда од својата листа на странски терористички организации.

Вчера иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека индиректните преговори меѓу Техеран и Вашингтон, каде посредува ЕУ, се одвиваат во Доха во „сериозна“ атмосфера, побивајќи ги претходните информации оти преговорите се прекинати. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk