Мишел Обама го критикува Трамп во својата книга

Во својот нов мемоар, Мишел Обама остро го критикува сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Во книгата која треба да излезе во вторник, поранешната прва дама го го осудува Трамп за ширењето на лажната теоријата за потеклото на нејзиниот сопруг Барак Обама, за кого Трамп тврдеше дека не е роден во САД.

„Целата таа теорија беше луда и злонамерна, а се разбира, предрасудите и ксенофобијата што се кријат зад неа се очигледни. Но, исто така, е и опасна и наменета за фанатиците“, вели таа во книгата. „Што ако некој лудак земе пиштол и тргне кон Вашингтон? Што ако тргне по нашите девојчиња? Доналд Трамп со своите гласни и невнимателни инсинуации, ја доведе во прашање безбедноста на моето семејство. А за тоа никогаш нема да му простам“.

Во својата книга Мишел Обама исто така зборува и за тоа колку била шокирана кога дознала дека Трамп ќе дојде на местото на нејзиниот сопруг.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари