logo
logo
logo

Министерка си даде отказ откако ЈА ОТКРИЈА ДЕКА СЕ ВАКЦИНИРАЛА ПРЕДВРЕМЕ

Vecer | 15.02.2021

Министерка си даде отказ откако ЈА ОТКРИЈА ДЕКА СЕ ВАКЦИНИРАЛА ПРЕДВРЕМЕ

Две министерки во Перу си поднесоа оставки откако во четвртокот перуански весник откри дека поранешниот претседател Мартин Вискара (2018-2020) бил вакциниран против коронавирусот во октомври минатата година, неколку недели пред распуштање на Парламентот.

Иако се бранеше со образложение дека доброволно се пријавил на клиничкото испитување за вакцините „Синофарм“ како и илјадници други Перуанци,  сепак, универзитетот што ја спроведуваше анализата ги негираше неговите тврдења.

Откритието предизвика негодување, а министерката за здравство Пилар Масети во петокот поднесе оставка. Веднаш потоа оставка поднесе и перуанската министерка за надворешни работи Елизабет Астете поднесе оставка откако призна дека направила голема грешка со вакцинирањето против Ковид-19 во јануари, пред приоритетните групи од населението.

Привремениот претседател Франциско Сагасти веднаш ја прифати нејзината оставка.

Скандалот избувна во четвртокот откако перуански весник откри дека поранешниот претседател Мартин Вискара (2018-2020) бил вакциниран против коронавирусот во октомври минатата година, неколку недели пред распуштање на Парламентот.

За разлика од другите земји, чии претседатели, министри и други владини службеници се вакцинирани да дадат пример, во Перу, членовите на владата кои се вакцинираат во целосна дискреција пред официјалниот почеток на кампањата за вакцинација се критикувани.

Првите вакцинации во земјата започнаа во вторникот и досега тие се приоритет на здравствените работници.

До саботата, 1,22 милиони луѓе биле дијагностицирани со коронавирус во Перу, а бројот на смртни случаи е 43.491.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk