logo
logo
logo

Министерка поднела ОСТАВКА поради плагијат на докторатот

Vecer | 19.05.2021

Министерка поднела ОСТАВКА поради плагијат на докторатот

Германската Министерка за семејство, Франциска Гифи, во поднесе оставка по повеќе годишните обвинувања дека препишала делови од својата докторска дисертација.

„Одлучив да ја замолам германската канцеларка Ангела Меркел да го разреши Федералниот министер за семејство, стари лица, жени и млади“, рече Гифи (германската Социјалдемократска партија).

Позадината на нејзината оставка е преиспитување на нејзината докторска дисертација од 2010 година. Комитетот на Слободниот универзитет во Берлин (ФУ) во 2019 година одлучи да не го укинува докторатот на министерот, но постапката беше повторно отворена минатата година, по што Гифи се откажа од докторската диплома.

Процесот сè уште не е завршен, но Гифи реши да се повлече сега за да им даде на „владата, партијата и јавноста“ „јасна слика“.

Гифи рече дека ја напишала својата дисертација на тема Европската комисија „со најдобри намери и волја“ и дека жали што ѝ промакнале вакви грешки.

Таа рече дека ќе прифати евентуална одлука за поништување на докторатот.

43-годишната социјалдемократска политичарка ќе ја задржи својата позиција како главен кандидат на СПД во сојузната покраина-град Берлин.

Пред десет години, министерот за одбрана Карл Теодор фон Гутенберг и две години подоцна министерката за образование Анет Шаван поднесоа оставки во врска со обвиненија за плагијат.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk