Миграцијата во фокус на самитот на ЕУ лидери

За завршницата на самитот во Брисел лидерите од ЕУ во фокусот на дискусијата ги ставија прашањата за миграција, внатрешна безбедност и надворешна политика.

„Бројот на нелегални гранични премини во ЕУ е намален за 95 проценти од октомври 2015, но некои внатрешни и надворешни приливи бараа внимание“, се вели во заклучокот од соопштението.

Главен елемент во соопштението е важноста да се зајакне соработката со земјите во транзиција, особено Северна Африка, со цел да се запре нелегална миграција.

Во соопштението се вели дека постоечките договори мора подобро да се имплементираат и се додава дека е потребно да се вложат напори за целосна имплементација на договорот помеѓу ЕУ и Турција од март 2016.

ЕУ и Турција потпишаа договор за контрола на приливот на мигранти преку Егејското Море и за подобри услови на сириските бегалци во Турција.

Според официјални информации, Турција ги отвори границите за 3,6 милиони бегалци од Сирија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари