logo
logo
logo

Мерц скептичен за американскиот мировен предлог: Потребна е согласност меѓу Европа, Киев и САД

Vecer | 08.12.2025

Мерц скептичен за американскиот мировен предлог: Потребна е согласност меѓу Европа, Киев и САД

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази скептицизам во однос на некои детали од американскиот предлог за запирање на војната во Украина на почетокот на разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски, британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон во Лондон.

– Скептичен сум во однос на некои детали што ги гледаме во американските документи, но мора да ги разгледаме заедно. Токму затоа сме тука денеска, изјави Мерц, без да прецизира за кои документи станува збор. – Овој момент може да биде решавачки за сите нас, додаде тој.

Францускиот претседател Емануел Макрон, пак, забележа дека „главниот проблем пред финализирањето на преговорите за Украина е усогласувањето на нашите заеднички позиции, меѓу Европејците и Украинците, и САД“.

На отворањето на средбата во Лондон со Зеленски, Макрон истакна дека „Европејците и Украинците имаат многу адути во рацете, како што се финансиската помош за Украина, отпорот на украинската армија против руските сили и ефектот од европските и американските санкции врз руската економија“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk