logo
logo
logo

Меркел со нов план: олабавувањето на мерките ќе оди во три фази

Vecer | 22.02.2021

Меркел со нов план: олабавувањето на мерките ќе оди во три фази


Германската канцеларка сака спроведување на планот за постепено укинување на ограничувањата во државата, поврзано со зголемен број тестирања.

Тоа го изјавиле двајца учесници на состанокот на раководството на Одборот на Христијанско-демократската унија, партијата на Меркел.

Меркел сака повторно да ги отвори деловите на општеството во три фази, почнувајќи од проширувањето на бројот на лични контакти, потоа отворање на училиштата и стручните училишта и трето – отворање на спортските групи, ресторани и културата, навеле учесниците на состанокот, пренесува „Ројтерс“.

Германија до 7 март ги продолжи ограничувањата за да го спречи ширењето на коронавирусот, иако основните училишта и градинките од денеска почнаа со работа во 10 германски покраини, а фризерските салони треба повторно да ги отворат своите врати следната недела.

Бројот на новите дневни инфекции стагнира за време на изминатата недела со седумдневна стапка на инциденца која се движи околу 60 случаи на 100.000 жители.

Бројот на лица заразени со Ковид-19 во последните 24 часа во Германија е 4.369, додека истовремено биле регистрирани 62 смртни случаи.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk