Канцеларката на Германија, Ангела Меркел на 16 април се вакцинираше против коронавирусот со вакцината АстраЗенека, а денеска се ревакцинираше со Модерна.

Инаку Меркел се вакцинираше со АстраЗенека во период кога вакцинацијата со таа вакцина беше дел од многу полимики, а многу држави ја забрануваа и чија употреба беше прекината во Германија по појавата на тромбози кај вакцинираните лица во Европа.

Во Германија со Астра Зенека се вакцинираат лицата постари од 60 години, меѓу кои и претседателот Франк-Валтер Штајмајер.

Според податоците објавени денеска од институтот Роберт Кох 51,2 проценти од германското население или 42,5 милиони луѓе примиле барем една доза вакцина, а 26,3 милиони или 31,6 отсто биле целосно вакцинирани.