Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел рече дека најслабиот момент во борбата против пандемијата е заштитата на домовите за стари лица минатата зима.

Во тоа време, најмалку 30,000 луѓе починаа од инфекција со коронавирус.

Меркел во интервју за дневниот весник „Зидојче цајтунг“ изјави дека ова е фаза која сè уште ја растажува. „На Божиќ минатата година, кога веќе имавме тестови, предолго траеја напорите на владата за воведување на режим за тестирање во домовите за стари лица и домови со цел да се заштитат штитениците“, објасни таа.

Таа рече дека лично се обидела да помогне во воведувањето тестови во телефонските разговори околу Божиќ.

„И покрај тоа, беше потребно премногу време за да се примени тестирањето. Тоа беше најслабиот момент во борбата против пандемијата“, истакна Меркел.