Меркел е задоволна од договорот за брегзит

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изјави дека е задоволна што преговарачите успеале да дојдат до договор за брегзит, пренесе АП.

Обраќајќи им се на новинарите, Меркел рече дека на потег сега се британскиот парламент и пармалентите на останатите 27 земји членки на ЕУ да го разгледаат и потврдат договорот.

„Многу сум задоволна што имаше можност да се дојде до договор по долгите преговори кои не беа ни најмалку едноставни“, рече таа.

Меркел не ги коментираше оставките на бројни министри од британската влада по постигнувањето на договорот, меѓу кои и министерот за брегзит, Доминик Рааб, во знак на протест против договорот што премиерката Тереза Меј го постигна со ЕУ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари