Меркел: Добро развиен Западен Балкан ја гарантира безбедноста за сите нас

Сигурен Западен Балкан кој е економски развиен, гарантира мир и безбедност за сите нас, изјави германската канцеларката Ангела Меркел во Софија, пренесе бугарскта агенција „Фокус“.

Таа истакна дека бугарскиот премиер, Бојко Борисов, изминатиов период работел многу на ова прашање и му заблагодари за организацијата на Самитот.

Денеска се оддржува Самитот во Софија, меѓу лидерите на 28-те земји-членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан. Ова е најголемиот настан во рамките на бугарското претседателство со ЕУ, а состанок во овој формат се случува прв пат во последниве 15 години, пренесуваат бугарските медиуми.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари