logo
logo
logo

Мексикански нарко картел ги дознал адресите на полицајци и ги убива во нивните домови

Vecer | 30.05.2021

Мексикански нарко картел ги дознал адресите на полицајци и ги убива во нивните домови

Членовите на озлогласениот мексикански нарко картел Халиско киднапираа неколку членови на елитната полициска единица и ги мачеа за да стигнат до адресите на другите полицајци кои сега ги убиваат во нивните домови.

На овој начин, крајно насилниот картел одговори на политиката на мексиканската влада за „прегратки, а не куршуми“.

Нападите врз полицајците се убедливо најдиректен предизвик за мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор и неговата политика за избегнување насилство и отфрлање на војната против картелот.

Од друга страна, картелот Халиско и објави војна на владата и сака да ја уништи елитната полициска единица, позната како Тактичка група, која бандата ја обвинува за неправедно постапување со своите членови.

Картелот се закани дека ќе убие двајца членови на Тактичката група за секој уапсен член, или во нивните полициски возила или во нивните домови.

Официјални лица во сојузната држава Гуанахуато, најпогодени од насилството во Мексико, одбија да кажат колку членови на Тактичката група се убиени досега.

Според агенцијата Поплаб, од 2018 до 12 мај годинава, во Гванахуато биле убиени 262 полицајци.

Претседателот Лопез Обрадор избегнува отворено соочување со картелите и наведува дека претпочита долгорочна политика за решавање на социјални проблеми, како што е невработеноста кај младите, што придонесува луѓето да се свртат кон криминал.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk