Меј: Нападот во Сирија беше легален и морално оправдан

Британската премиерка, Тереза Меј, рече дека воздушниот напад на Сирија бил легален и морално оправдан за да се спречи понатамошно кршење на човековите права.

Таа рече дека пред британските парламентарци постоеле јасни докази дека режимот на Башар ал Асад е одговорен за хемискиот напад.

„Велика Британија ги искористи сите можни дипломатски канали, но беше утврдено дека веќе не постоеше никаква алтернатива освен ограничена акција со цел“, рече Меј.

Лидерот на Лабуристите, Џереми Корбин, реагираше на ваквата изјава велејќи дека акцијата можеби е незаконска и ги побарал сите докази.

„Оваа влада е одговорна пред овој парламент, а не на хировите на американскиот претседател“, рече опозиционерот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари