Сандеј тајмс:

Меј дава знак дека подготвува промени во Владата

Сандеј тајмс објави дека на прашањето какви и се плановите во врска со Џонсон Меј одговорила: - Никогаш не ми било стил да се кријам пред предизвиците и нема да почнам да го правам тоа сега

Британската премиерка тереза Меј нагласи во интервју дека може да го отстрани од функцијата министерот за надворешни работи Борис Џонсон.

Сандеј тајмс објави дека на прашањето какви и се плановите во врска со Џонсон Меј одговорила: - Никогаш не ми било стил да се кријам пред предизвиците и нема да почнам да го правам тоа сега.

Весникот коментира дека тоа е сигнал оти таа се подготвува да одбере нови министри во Кабинетот.

-Јас сум премиер и дел од работата ми е да бидам сигурна дека ги имам најдобрите луѓе во мојот Кабинет, наведува таа во интервјуто.

Кабинетот на Меј засега не коментираше.

Борис Џонсон во саботата напиша дека сите од Конзервативната партија треба да застанат „во одбрана" на премиерката Меј.

Поврзани

Најнови вести

Коментари