logo
logo
logo

Меган фатена во лага: Ја нападна Кралицата, но доказите го кажуваат спротивното!

Vecer | 12.03.2021

Меган фатена во лага: Ја нападна Кралицата, но доказите го кажуваат спротивното!

Во своето интервју со Опра Винфри, Меган Маркл откри дека откога станала дел од кралското семејство никогаш повеќе не ги видела својот пасош, возачка дозвола и клучеви.

Сепак, британските медиуми денес велат дека нејзините тврдења се лага.

Тие ги пренесуваат изјавите на кралските експерти кои велат дека приказната е преувеличена.

Вистина е дека поради сигурноста на членовите на кралското семејство, тие документи се чуваат на безбедно, но тоа не значи дека немаат пристап до своите документи.

„Меган мораше да ја предаде возачката дозвола поради правилата на обезбедување. Ако одлучеше сама да седне зад воланот и да се одвезе некаде, не би била повеќе безбедна“, рекол историчарот Роберт Лејси, кој со своите совети помогнал и во создавањето на серијата „Круна“ на Нетфликс за британското кралско семејство.

Но во нејзината изјава дека ѝ одзеле сè, поради што целата нејзина приказна доби доза драматичност, едно нешто останува нејасно. Се чини дека војвотката од Сасекс заборавила дека од моментот кога ја започнала својата врска со принцот Хари патувала барем 13 пати надвор од границите на Велика Британија.

„Мора да сфатите во моментот кога станав дел од семејството тогаш последен пат ги видов моите пасош, возачка дозвола, клучеви, сè до моето враќање во Америка. Сето тоа морав да го предадам и не го видов повеќе“, тврдела Меган во интервјуто, но сите нејзини патувања се документирани и медиумски проследени, а со оглед на тоа што таа не е кралицата Елизабета Втора, која е единствената во светот што може да патува без никакви документи, се чини дека актерката претерала.

За време на животот во Велика Британија, таа заминувала сама или со Хари на приватни патувања, но и на службени.

Па така била на Ибица, во Боцвана, Канада, Италија и Амстердам, забавата за пристигнувањето на бебето ја организирала во Њујорк, а за сето тоа ѝ требал пасош.

„Секако дека кралското семејство го стави нејзиниот пасош на сигурно, но кој воопшто би помислил дека не го добила за приватните, но и службените патувања, како што е забавата за бебето во Њујорк, дружењето со пријателите во Канада, забавувањето во Амстердам или уживањето на езерото Комо со Џорџ Клуни?“, се прашува новинарката Маргарет Холдер која ги следи случувањата во кралското семејство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk