Медицински хеликоптер се урна во Португалија, загинат е целиот екипаж

Во планинска област во близина на Порто, вториот по големина град во Португалија, синоќа се урна хеликоптер со четири лица, а властите стравуваат дека сите се загинати.

Португалската служба за итна помош, INEM, изјави дека операција за спасување е во тек, но дека хеликоптерот сè уште не е пронајден, објави „Ројтерс“.

Државната телевизија РТП и дневниот весник „Корејо де Мања“ јавуваат дека хеликоптерот се урнал, при што загинале двајца пилоти, медицинска сестра и лекар, кои се наоѓале во леталото.

Хеликоптерот на INEM исчезнал синоќа околу 18.30 часот откако во болница во Порто префрлил 76-годишен пациент со проблеми со срцето.

Хеликоптерот се враќал кон базата кога се урнал поради лоши временски услови, соопшти INEM.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари